ДРАМА НАД НЕБОТО НА СПЛИТ Еве која е причината за принудното слетување на авионот со 131 патник

Авионот бил пречекан од сите служби за итни случаи. Во моментот на итното слетување во авионот имало 131 патник.

544

Патнички авион кој летал денеска од Тирана до Осло, морал итно да слета во Сплит, Хрватска.

Хрватските медиуми јавуваат дека станува збор за пукање на ветробранско стакло, па затоа авионот морал да слета, односно се појавиле проблеми со притисокот во кабината.






– Станува збор за вонредно слетување, на сплитскиот аеродром е прогласена состојба на тревога, но сега се е во ред – потврдија од администрацијата на аеродромот во Сплит за порталот „Далмација данас“.

Авионот бил пречекан од сите служби за итни случаи. Во моментот на итното слетување во авионот имало 131 патник.

Поврзани содржини