ДРАМА НА НЕБОТО НАД КИНА Руски авион со 238 патници принудно слета по СОС сигнал

Руски патнички авион со 238 патници принудно слета во Кина откако испрати итен сигнал за помош за време на летот од Пукет кон Русија. Сите патници се неповредени.

0

Патнички авион на руската авиокомпанија „Азур Ер“, кој летал од Пукет кон рускиот град Барнаул, принудно и непланирано слета во Кина откако за време на летот испратил итен сигнал за помош.

Авионот безбедно слетал на аеродромот Ланжоу, откако сигналот за вонредна состојба бил активиран додека леталото се наоѓало во кинескиот воздушен простор. Според информациите од компанијата, летот бил на половина од рутата кон Сибир кога настанал инцидентот.






Портпарол на „Азур Ер“ соопшти дека во авионот имало вкупно 238 патници и членови на екипажот и дека сите се неповредени. Причините поради кои е испратен итниот сигнал засега не се официјално соопштени.

По слетувањето во Ланжоу, надлежните служби извршиле проверки на авионот, а патниците биле безбедно симнати од леталото.

„Азур Ер“ е руска авиокомпанија со седиште во Москва, која сообраќа на меѓународни линии, вклучувајќи и чартер летови кон туристички дестинации.

Поврзани содржини