ДРАМА НА ЛЕТОТ ОД ЛОНДОН ЗА ГРЧКИОТ ОСТРОВ КОС Пијан патник се обидел да ја преземе контролата над авионот

Авионот што полета од лондонскиот аеродром Гетвик кон грчкиот остров Кос мораше принудно да слета во Минхен.

344

Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина на авион Изи Џет на височина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот бил „неук“ и дека може подобро да пилотира, но екипажот и патниците успеале да го совладаат.

Авионот што полета од лондонскиот аеродром Гетвик кон грчкиот остров Кос мораше принудно да слета во Минхен.






Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, а потоа добиле аплауз од преплашените патници, пишува весникот Сан.

При слетувањето во Минхен го пречекала германската полиција и го уапсила, а патниците спиеле во хотели.

Од EasyJet изјавија дека ваквите инциденти се ретки и дека не толерираат несоодветно или заканувачко однесување.

Поврзани содржини