📷 ДРАМА НА ЛЕТОТ ОД БЕЛГРАД ДО ЦИРИХ Патниците морале да ги стават маските, авионот принудно слетал

Во еден момент, единствената порака што се појави беше дека се случува декомпресија и дека сите треба да ставиме маски за кислород. После тоа, пилотот ни се обрати и ни рече дека има технички проблеми бидејќи некаде во авионот е детектиран чад, вели патник од авионот за српски Мондо.

970

Патниците на летот LX1413 од Белград до Цирих биле преплашени кога пилотот им се обратил и им рекол дека во авионот е детектиран чад. Летот бил пренасочен кон Фридрихсхафен по итен повик, пишува порталот Bluewin.ch.

Еден од патниците дал изјава за српскиот медиум Мондо:

 






– Во еден момент, единствената порака што се појави беше дека се случува декомпресија и дека сите треба да ставиме маски за кислород. После тоа, пилотот ни се обрати и ни рече дека има технички проблеми бидејќи некаде во авионот е детектиран чад. Беше драматично, бидејќи бевме информирани дека авионот мора да изврши итно слетување за неколку минути, па брзо бевме на пистата во Фридрихсхафен. Надлежните служби пристигнаа наскоро, сите беа проверени и сите беа добро, само во шок. После тоа, бевме информирани дека одиме во Цирих со автобус – рекол патникот.

Сè уште не е познато што точно се случило, бидејќи по инспекцијата било утврдено дека авионот е во добра состојба.

Швајцарската канцеларија за медиуми моментално го разјаснува случајот.

 

Поврзани содржини