📽️ 📷 ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ЊУЈОРК За влакно избегнат судар на 5 авиони на пистата, за сѐ виновни се контролорите
Авион на „Swiss Air“ ќе се судрел со 4 други авиони поради грешка во комуникацијата бидејќи леталата во исто време биле на пистата.
На меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк за влакно била избегната голема трагедија. Имено авион на „Swiss Air“ ќе се судрел со 4 други авиони поради грешка во комуникацијата бидејќи леталата во исто време биле на пистата.
Имено, инцидентот се случил минатата недела, а набргу потоа Федералната управа за авијација покренала истрага за целиот случај.
Според соопштението на „Swiss Air“, леталото веќе достигнало брзина малку над максималната брзина за полетување, кога пилотот решил ненадејно да закочи и го свртил леталото.
BREAKING ALERT 🚨
Huge Swiss Air jet nearly collides with four other planes on JFK runway after being cleared for takeoff – a day after DC air traffic controllers sent JetBlue plane into path of Southwest flightThe incident happened last week and is now being investigated by… pic.twitter.com/AVJjaEnGsp
— SANTINO (@MichaelSCollura) April 23, 2024
Се огласи менаџментот на компанијата.
Авиокомпанијата соопшти дека навремената акција обезбедила да се избегне потенцијална катастрофа.
– Поради високото ниво на свесност за ситуацијата и брзата реакција на нашиот екипаж, брзо беше избегната потенцијално опасна ситуација – се наведува во соопштението на компанијата.
По инцидентот, зборуваше Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на „ABC News“, кој објасни дека преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајцата контролори.