ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ „НИКОЛА ТЕСЛА“ На дете му се слошило, па авион за Цирих принудно слетал во Белград

Танјуг јавува дека се работи за десетгодишно дете на кое му се слошило и потоа било префрлено на детска клиника.

846

Авион утринава принудно слетал на аеродромот во Белград откако на едно дете  му се слошило, потврдија од Еуроњуз Србија.

Во соопштението за медиумите се наведува дека на аеродромот „Никола Тесла“ е доведен во прашање летот на авиокомпанијата „SunExpress“ на линијата Анталија-Цирих со 185 патници и 6 членови на екипажот.






– Авионот принудно слета во 9 часот и 26 минути во Белград поради медицински причини. Сите надлежни аеродромски служби реагираа во најкус можен рок и патникот и неговата придружба се испратени во надлежната медицинска установа за понатамошна нега – наведуваат оттаму.

Танјуг јавува дека се работи за десетгодишно дете на кое му се слошило и потоа било префрлено на детска клиника.

Авионот треба да го продолжи летот во текот на денот.

Поврзани содржини