ДРАМА КАЈ БЕЛГРАД Ракета испадна од воен камион, откако тој се преврте
Според Министерството за одбрана, предметното борбено возило е испратено од Армијата на Србија за да изврши редовна задача.
Воен камион излетал од патот и се превртел утрово во близина на Остужница околу 7.30 часот. Ракетите што ги превезувал потоа испаднаа од него, додека еден војник е полесно повреден.
Засега не се познати причините зошто возилото се лизнало од патот и причината поради која од камионот испднала ракетата.
Според Министерството за одбрана, предметното борбено возило е испратено од Армијата на Србија за да изврши редовна задача.
Брзата помош е на лице место. Министерството известува дека еден војник е полесно повреден.
Надлежните органи излегоа на местото на истрагата, затоа во овој дел од автопатот се создаде километарска колона во двата правци, како мерка за претпазливост.
Нема индиции за опасност поради специфичниот товар што го превезувал камионот, односно ракетата.
На обиколницата околу Белград, пред Остружница, сообраќајот во моментов е во прекин во двата правци, поради превртување на товарно моторно возило“, објави „ЈП патишта на Србија“.