ДРАМА БЛИЗУ ТАБАНОВЦЕ, ГОРЕЛО „БМВ“ ВО ДВИЖЕЊЕ Пламенот бил изгаснат 10 минути пред полноќ

Пожарот бил пријавен вчера, 21 мај ,во 23:10. Возилото имало кумановски регистарски ознаки и го управувал 23-годишниот Д.П. од Куманово, се вели во билтенот на полицијата.

447

Синоќа пред полноќ, автомобил марка „БМВ“ се запалил во движење, недалеку од граничниот премин Табановце. Огнот, кој избувнал додека возилото се движело по автопатот, бил изгаснат десет минути пред полноќ, потврдија за МИА од кумановската противпожарна служба.

Четворица кумановски пожарникари и возило биле вклучени во гаснењето. Нема повредени лица.






Пожарот бил пријавен вчера, 21 мај ,во 23:10. Возилото имало кумановски регистарски ознаки и го управувал 23-годишниот Д.П. од Куманово, се вели во билтенот на полицијата.

 

Поврзани содржини