ДРАКОНСКИ КАЗНИ ОД ПОНЕДЕЛНИК Кафе или ручек од 250 до 30.000 евра
За физичките лица е 250 евра, додека за угостителските објекти се од 2.500 евра до 30.000 евра – изјави Александа Котели од Државен пазарен инспекторат за Канал 5.
Ригорозни казни се предвидени за угостителските објекти во кои ќе бидат затекнати невакцинирани гости, а истите се движат од 2.500 до 30.000 евра.
Од понеделник стапуваат мерките кои ги донесе владата, согласно кои за влез во угостителските објекти се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, и редарска служба заради контрола на приложување доказ за имунизација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица.
– Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, според членот 66, членот 66 а и б, пишува дека глобите се движат од 250 евра до 30.000 евра во согласност со угостителскиот објект, дали просторот е мал или голем. За физичките лица е 250 евра, додека за угостителските објекти се од 2.500 евра до 30.000 евра – изјави Александа Котели од Државен пазарен инспекторат за Канал 5.
Како што пред неколку дена истакна и министерот Бектеши казна ќе треба да платат оние угостителски објекти кои примаат неимунизирани гости, односно пазарниот инспекторат има надлежност да го казни само физичкото лице кое е сопственик на угостителски објект, а не и граѓаните кои ќе бидат затекнати во истиот.