ДРАКОНСКА КАЗНА ЗА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА? Навивачите фрлаа со тврди предмети кон унгарскиот судија

Српскиот тим загуби со 1-0, а натпреварот го заврши со девет играчи по исклучувањата на Милош Дегенек и Марко Гобељиќ.

730

Белградска Црвена звезда ја очекува драконска казна од УЕФА, по серијата инциденти што нејзините навивачи ги предизвикаа по натпреварот во Лига Европа против дански Митјиланд.

Српскиот тим загуби со 1-0, а натпреварот го заврши со девет играчи по исклучувањата на Милош Дегенек и Марко Гобељиќ.






Разочарани од поразот на својата екипа, навивачите на Звезда на патот кон соблекувалната фрлаа тврди предмети кон унгарскиот судија Тамаш Богнар, а притоа еден од предметите го погоди во главата помошникот тренер на белградскиот клуб, Италијанецот Федерико Панончини. Тој со повреди на главата итно беше пренесен во болница, а поради инцидентот тренерот на Црвена звезда Дејан Станковиќ ја пропушти прес-конференцијата за да го посети својот помошник во болничкиот кревет.

Дел од српските медиуми објавија дека во инцидентот бил повреден и помошникот судија.

Поврзани содржини