ДРАГИ ДАМИ, ВАКА И ВИЕ ДА ИЗГЛЕДАТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 92 Џоан Колинс блеска во бел костим за капење и има планови

Ако не сте чуле за серијата „Династија“ и за главниот лик Алексис Колби, овој текст не е за вас. Освен ако не сте љубопитни...

508

Џоан Колинс уште еднаш докажува дека е симбол на елеганција и на вечна убавина. Легендарната актерка, која неодамна наполни 92 години, се појави на фотографија од одмор во јужна Франција, облечена во шик бел костим за капење.

Со широк црвен шешир и тиркизни украси, Колинс изгледа свежо и расположено, а нејзината насмевка зрачи со младешка енергија. На фотографијата што ја објави на Инстаграм, актерката ужива во летното сонце и го споделува својот оптимизам со следбениците. Во описот на објавата, таа навестува дека наскоро може да се појави продолжение на проектот „Убиство меѓу пријатели“, каде што некогаш го толкуваше ликот на телевизиска ѕвезда и приватен детектив.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)


Фановите веднаш ја преплавија со коментари во кои ја опишуваат како „вечна дама“, „икона на стилот“ и „прекрасна безвременска убавица“. За нив, Колинс не е само актерка, туку пример дека достоинството и шармот можат да траат и во десеттата деценија од животот.

Џоан Колинс одамна е позната по својот природен пристап кон убавината. Таа отворено зборуваше дека никогаш не правела големи козметички зафати на лицето. Во интервју за „Гардијан“ пред неколку години, призна дека нејзината мајка ја научила на едноставни правила за нега, кои ги почитува до ден-денес. Единствено еднаш пробала ботокс на челото, но брзо се откажала, велејќи дека постапката е премногу болна.

Кариерата на Колинс е долга повеќе од седум децении. Родена во Лондон во 1933 година, таа првпат се појавила на филм во 1951 година. Вистинската светска слава ја стекна во 1980-тите години со улогата на Алексис Колби во хит серијата „Династија“, за која ја освои наградата „Златен глобус“. Во 2015 година беше одликувана со титулата Дама од британската кралица Елизабета Втора за својата актерска кариера и филантропија.

И денес, на возраст кога повеќето одамна се повлекле, Колинс размислува за нови улоги. Се најавува и нејзино појавување во биографски филм за Војвотката од Виндзор, Волис Симпсон.

Таа останува активна, инспиративна и секогаш во центарот на вниманието. Со својот пример, Џоан Колинс им покажува на генерациите што доаѓаат дека староста не значи крај на убавината и стилот. Напротив – таа може да биде нова сцена за блескање.

Поврзани содржини