Веќе на сите им е познато дека холивудскиот актер, со белгиско потекло, Жан-Клод Ван Дам и српската пејачка Драгана Мирковиќ се во пријателски односи, па често ја користат можноста меѓусебно да си коментираат и да си делат комплименти.
Имено, Драгана во последните неколку дена патувала, па објавила фотографија од природата, на која позира во тревникот, што го воодушевило Ван Дам.
„Еден прекрасен ден во природа“, напишала Драгана во описот на фотографијата и го обележала замокот во Германија што го посетила.
„Изгледаш убаво, засекогаш“, прокоментирал актерот.
Да потсетиме, Жан-Клод ја запозна Драгана преку нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ и приватно се многу добри пријатели и често се дружат.
Шмекер се не постаје, шмекер се рађа pic.twitter.com/2W2wZ5Wn31
— Nemanja (@NRad17) May 9, 2021
ФОТО: Твитер