ДРАГАНА МИРКОВИЌ СЕ РАЗВЕДУВА ПО 24 ГОДИНИ БРАК Фолк ѕвездата веќе три години не живее под ист покрив со Тони

По 24 години хармоничен брак, српската фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ објави дека поднела барање за развод од сопругот Тони Бијелиќ.

1,767

По 24 години хармоничен брак, српската фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ објави дека поднела барање за развод од сопругот Тони Бијелиќ.

Имено, како што објасни Драгана во својата изјава, иако се обидела да го спаси бракот, тие двајца во последните три години живеат одделен живот.






– Мојот однос со Тони веќе подолг период не е како што беше, а последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив сè за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана поголем и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак.

– Сигурно останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика, и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години. Ова се зборовите кои Драгана ги упати во јавноста.

Да потсетиме, Драгана Мирковиќ повеќе од 20 години ја споделуваше среќата со сопругот Тони Бијелиќ на кого во 2001 година му се заколна на вечната љубов, а малку е познато дека нивната венчавка не била величествена и гламурозна, иако се познати како пар кој живее во луксуз.

– Се венчавме во општината, беше скромна прослава. Беше време на санкции, никој од моите не можеше да дојде бидејќи не можеше да добие виза. Бидејќи Тони е австриски државјанин по раѓање, едноставно не можев да им го овозможам тоа додека не се омажам и додека нашата заедница не беше завршена на хартија. Не можев да овозможам виза за моето семејство, татко ми, мајка ми и сестра ми. И затоа имавме малку гости. Ниту целото семејство на Тони не можеше да дојде бидејќи и тој ги има многу – изјавила Драгана во едно интервју.

Поврзани содржини