Познатиот македонски ТВ-водител и пејач, Драган Вучиќ починал ноќеска на 65-годишна возраст.
Веста за смртта на водителот за „Убавина и здравје“ ја потврдил неговиот син, Мартин Вучиќ.
Вучиќ претходните денови бил во тешка здравствена состојба хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и поставен на респиратор, каде, како што пишуваат медиумите, починал од компликации по инфекцијата со коронавирусот.
Вучиќ подолго време бил дијабетичар.
Како што објави Женски магазин, позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми.