ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ ИЗЛЕЗЕ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Актерот беше приведен за напад на режисер
Се претпоставува дека Бјелогрлиќ со автомобил бил однесен во полициската станица, каде ќе биде сослушан, пишува Блиц.
Актерот Драган Бјелогрлиќ ја напушти полициската станица во Ниш по неколкучасовно испрашување. Таму тој бил приведен од полицијата на 48 часа поради насилно однесување, што претходно било потврдено од обвинителството во Ниш.
Бјелогрлиќ бил повикан во полиција под сомнение дека утрово околу 4 часот во хотелот Амбасадор го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати по главата.
„Утре е сослушувањето на Бјелогрлиќ и сведоците, така што ќе се знаат повеќе детали“, рече адвокатот на Бјелогрлиќ, Милан Петровиќ, пренесува Блиц.
На прашањето како се чувствува Драган, адвокатот Петровиќ рече: „Добро“, а на прашањето дали ја презентирал својата одбрана, адвокатот изјавил: „Не, не“.
Бјелогрлиќ не дал изјави, но кога влегол во автомобилот од полициската зграда, го прашале:
„Како е?“ а тој кратко одговорил: „Добро е, добро е“.
Се претпоставува дека Бјелогрлиќ со автомобил бил однесен во полициската станица, каде ќе биде сослушан, пишува Блиц.