ДРАГA АНГЕЛA Вака Швајнштајгер и Ана Ивановиќ ја испратија германската канцеларка во пензија (ФОТО)

Ви испраќаме честитки и ви благодариме за се што направите како канцелар, ви посакуваме се најдобро, вели Швајнштајгер.

1,408

По 16 години работа, германската канцеларка Ангела Меркел реши да стави крај и да се пензионира.

Познатиот германски фудбалер и сопруг на познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ, Бастијан Швајнштајгер, во знак на почит кон Ангела и нејзиното пензионирање, објави слика на Инстаграм, на која Ана и тој се во друштво на Ангела Меркел, во јануари 2019 година.






Во опишувањето на сликата, Бастијан напиша:

 

– Драга Ангела, за мене и мојата сопруга беше задоволство да ве посетиме во јануари 2019 година. Ви испраќаме честитки и ви благодариме за се што направите како канцелар, ви посакуваме се најдобро и се надевам дека ќе се видиме наскоро – напиша Бастијан на својот Инстаграм профил.

Поврзани содржини