ДРАГ ВОЛОДИМИР, НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ! Будимпешта не сака да го плаќа чекот од 800 милијарди за Украина
Шефот на Унгарија напиша дека „Брисел сè поставил погрешно, но дека Будимпешта нема да плаќа“. Орбан, кој во последните денови активно споделува новости од Давос, му напиша и лична порака на Зеленски на Фејсбук.
Брисел го прифати секое украинско барање – 800 милијарди долари за Украина, забрзано пристапување во ЕУ до 2027 година и понатамошна поддршка сè до 2040 година“.
Вака наведува премиерот на Унгарија Виктор Орбан во објава на Фејбук. Тој вели дека „Брисел сè поставил погрешно, но дека Будимпешта нема да плаќа“.
Коментирајќи ги случувањата на Светскиот економски форум во Давос Орбан пишува дека Зеленски, поради неговиот говор во Давос, во кој, како што наведуваат од Будимпешта, „повторно ги зел на нишан унгарската влада и него лично“.
Зеленски во својот говор во Давос ги обвини европските лидери за пасивнот велејќи дека живеат во Денот на мрмотот. Тој повика на формирање обединета европска војска.
Орбан, кој во последните денови активно споделува новости од Давос, му напиша и лична порака на Зеленски.
„Драг Володимире, се чини дека никогаш нема да се разбереме. Јас сум слободен човек кој му служи на унгарскиот народ. Ти си човек во тешка позиција, неспособен или неподготвен да ја заврши војната, која сега е во својата четврта година, и покрај тоа што претседателот на САД (Доналд Трамп) нуди секаква можна помош“.
Орбан му порача на Зеленски дека „ласкањето“ нема да ја промени позицијата на Унгарија.
„Украинскиот народ, и покрај вашите селективни навреди, сè уште може да смета на Унгарија за електрична енергија, гориво и хуманитарна поддршка за бегалците. Животот ќе го реши останатото, а секој ќе го добие она што го заслужува“.