ДРАГ ШЕФЕ, ФАЛА ЗА СЛОБОДНИТЕ ДЕНОВИ! Јапонец знае како да искаже благодарност

Многу корисници на Твитер веднаш ја покажаа својата љубомора затоа што овој човек успеал да го оствари сонот што многумина од нив го имале, но не го оствариле.

290

Еден Јапонец од публиката на натпревар на Светското првенство во фудбал во Катар најде оригинален начин јавно да му се заблагодари на својот претпоставен за двете слободни недели што ги добил за да може да отпатува во Катар. Оваа негова постапка веднаш стана хит на Твитер мрежата.

Шефе, ти благодарам за двете недели одмор – напишал Јапонецот.






Многу корисници на Твитер веднаш ја покажаа својата љубомора затоа што овој човек успеал да го оствари сонот што многумина од нив го имале, но не го оствариле, да го следат Светското фудбалско првенство во живо.

Јапонците на ова првенство привлекуваат внимание со своето однесување, и на теренот и надвор од него. На големо воодушевување наиде постапката на јапонските репрезентативци, кои по натпеварот со Германија ги исчистија отпадоците што зад себе ги остави публиката.

Поврзани содржини