ДРАГ БОРО, ЛЕГЕНДO, ДРЖИ СЕ – ЦЕЛА СРБИЈА Е СО ТЕБЕ! Вучиќ му упати зборови на поддршка на Бора Чорба

Српскиот претседател Александар Вучиќ му испрати поддршка на легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ, кој е хоспитализиран во Словенија.

960

Српскиот претседател Александар Вучиќ му упати поддршка на легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ, кој е хоспитализиран во Словенија.

„Драг Боро, легендо, држи се. Цела Србија е со тебе“, пишува на официјалниот инстаграм-профил на претседателот на Србија.

 







Потсетуваме, фронтменот на групата „Рибља чорба“ е хоспитализиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Бора Чорба се наоѓа во болница во Љубљана, каде што живее со сопругата Дубравка.

– Состојбата на Боро е непроменета, тој е интубиран. На него не е интервенирано, тој лежи во болница. Белите дробови сè уште му се многу лоши, сите се надеваме на најдоброто – изјави денеска неговиот менаџер Бане Обрадовиќ.

Легендарниот рокер беше хоспитализиран пред неколку дена, во меѓувреме, состојбата му се влошила, прво бил приклучен на кислород, а потоа и на респиратор.

Поврзани содржини