ДРАЧЕВО ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА Дефект има и во неколку села

67

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека денеска без вода ќе бидат село Драчево, населба Драчево, село Долно Лисиче, Студеничани, село Батинци, село Морани, Орешани и Зелениково.

Причина за тоа е отстранување дефект на водоводна цевка со пречник од ф 600 мм во кругот на Пумпена станица Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.






Без струја утре поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, од 09 до 13 часот, ќе бидат корисниците на улиците Борис Сарафов, Андрија Зограф, дел од Ѓорче Петров и објектот на ОУ „Ѓорче Петров“.

Поврзани содржини