ДРАЧЕВЕЦОТ ШТО СИ ГО ЗАКЛА ТАТКОТО СЕ ЛЕЧЕЛ ВО „БАРДОВЦИ“ Бил пуштен на пробен престој дома
Беше пуштен на пробен престој дома и земен од страна на таткото. Тој доброволно влезе и доброволно ја напушти болницата - изјави Арифи.
Синот, кој до смрт го избоде својот татко во семејниот дом во скопско Драчево, два пати претходно бил хоспитализиран во психијатриската болница „Бардовци“, дознава порталот „Скопје 1“.
Според порталот, тој убиството го извршил по шест дена откако бил пуштен од болница. Директорот на болницата Мухсин Арифи изјави за Мета.мк дека нивниот пациент бил доброволно хоспитализиран и дека доброволно ја напуштил болницата.
– Беше пуштен на пробен престој дома и земен од страна на таткото. Тој доброволно влезе и доброволно ја напушти болницата – изјави Арифи.
МВР и Обвинителството потврдија дека во вторникот 28-годишник го убил својот татко, Б.П. (75) во својот семеен дом во скопската населба Драчево.
За 28-годишникот е изречена мерка притвор по барање на Обвинителството.
ГО БОДЕЛ СО НОЖ ВО ГЛАВАТА И ПО ТЕЛОТО Истрага за синот што го уби таткото