ДПМ СЕ ПРОШИРИ СО НОВИ ЧЛЕНОВИ Бужаровска, Маџиров, Јанковски…

Се работи за автори кои добиле некоја од престижните книжевни награди и кои веќе се здобиле со сериозна писателска репутација, се наведува во соопштението од Друштвото на писатели на Македонија.

1,529

Писателите Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Снежана Младеновска Анѓелков и Никола Маџиров се нови членови на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) откако ја прифатија поканата за членство, соопшти Друштвото.

На 13 февруари ДПМ одбележува јубилејни 75 години постоење и по тој повод Претседателството на Друштвото одлучило да покани во асоцијацијата неколкумина истакнати книжевни творци, чии дела веќе доживеале рецепција и валоризација и во домашната и во странски средини.

„Се работи за автори кои добиле некоја од престижните книжевни награди и кои веќе се здобиле со сериозна писателска репутација. Се радуваме и го поздравуваме нивното зачленување во ДПМ и очекуваме нивната понатамошна активност да донесе дополнителен квалитет и креативна разнообразност во дејствувањето на асоцијацијата“, се наведува во соопштението од Друштвото на писатели на Македонија.

Поврзани содржини