ДПА СЕ НУДИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА Немаме покана, ама нема да ја одбиеме ако ја добиеме, вели Имер Алиу

Прашан за локалните избори, Имер Алиу рече дека „поразот на ДУИ не е национална трагедија“ и дека е време за реализација на ветеното, за што одговорноста е на албанската партија која е дел од Владата.

386

Немаме покана, но нема да ја одбиеме, рече денеска членот на Централното претседателство на ДПА, Имер Алиу одговарајќи на новинарско прашање дали ќе станат дел од Владата.

– Не, немаме добиено покана, но всушност нема да ја одбиеме поканата. Ќе имаме дијалог или дебата, поточно, со сите од сега па натаму, вклучително и со Владата. Едно е јасно, агендата на Демократската партија на Албанија и агендата на Владата и на партиите на власт се чини дека се различни, но секако, ќе дебатираме со сите – рече Алиу.






Прашан за локалните избори, Алиу изјави дека „поразот на ДУИ не е национална трагедија“, притоа нагласи дека е време за реализација на ветеното , за што одговорноста е на албанската партија која е дел од Владата.

– Многу ветувања се дадени, сега е време тие да се реализираат. Секако ќе ја повикаме на одговорност албанската партија на власт, бидејќи тие ветија и секако од сега па натаму немаат изговор да не ги исполнат ветувањата – рече Алиу.

Демократската партија на Албанците денеска во Тетово одржа седница на Централното собрание.

Поврзани содржини