ДПА прифатила да биде дел од Владата на СДСМ

1,023

Демократската Партија на Албанците е првата партија која и официјално објави дека ја прифатила понудата од лидерот на СДСМ,  Зоран Заев, да влезе во составот на новата влада.

– Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата со претседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседстелот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата и се формирани работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ Љупчо Николовски –  изјави Азем Садику од ДПА,  по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски.






Тој најави дека се формирами и работни групи кои ќе разговарат за деталите.Садику.

 

Поврзани содржини