ДПА ја напушти лидерската средба, одлуките биле однапред донесени

568

Демократската партија на Албанците ја напушти лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски, во вила Водно.

Во изјава за медиумите Орхан Ибраими од ДПА рече дека тоа го направиле бидејќи одлуките биле однапред донесени од двете политички партии од македонсиот блок.






– Денеска сме присутни на овој состанок поради новата сериозна состојба со вирусот и предлагаме што побрзо да се воведе вонредна состојба. Го напуштивме состанокот затоа што мислиме дека како албански политички партии сме декор во овие институции и во оваа земја, затоа што одлуките однапред се донесени од двете македонски политички партии – изјави Ибраими.

Тема на лидерската средба беше одложување на парламентарните избори.

На средбата присуствуваа лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити.

На средбата беа присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Поврзани содржини