ДПА ја бара Финансиска полиција за да следи трансфери на „црни пари“

2,821

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, на вчерашната средба со првиот човек на СДСМ Зоран Заев околу формирање на владина коалиција, ја побарал Финансиската полиција од колачот на власта, ако Заев успее да состави влада, објави албанскиот портал Газета Експрес.

Порталот наведува дека на лидерот на ДПА оваа институција му е потребна за да влезе во трага на трансферите на пари од Иран и од Катар.






По вчерашната средба официјално беше соопштено дека на средбата, ДПА прифатила постизборната коалиција со СДСМ.

Поврзани содржини