Дозволен излез на производите од Дебар и Центар Жупа
Денеска се дозволи сите производтвени капацитети од Дебар и Жупа да имаат прво по специјален протокол да извезат продукти, информира Агрон Буџаку.
Производствените капацитети во Дебар и Центар Жупа од денеска ќе можат да ги изнесуваат своите производи надвор од кризното подрачје, информираше денеска на прес-конференција диреккторот на Центарот за управување со кризи ЦУК Агрон Буџаку.
– Во Кризното подрачје Дебар и Центар Жупа, неколку пати повторените потреби за производствени капацитети кои не смеат да излезат по одлуката од акциониот план , а во меѓу време од Владата беше дозволено гигантот за гипс Кнауф да може да излезе, денеска се дозволи сите производтвени капацитети од Дебар и Жупа да имаат прво по специјален протокол да извезат продукти – истакна Буџаку.