ДОЗНАЛ ДЕКА НАЈДОБРИОТ ДРУГАР МУ ЈА СИЛУВАЛ ЌЕРКАТА Го натерал да си го ископа гробот и сурово му се одмаздил
За време на истрагата во шумата бил пронајден гроб каде што Олег беше погребан со нож прободен во срцето. Полицијата потоа го уапси Вјачеслав и тој моментално е во домашен притвор, обвинет за извршување на тешко убиство.
Едно убиство во Русија доби нова димензија, откако беа откриени ужасните мотиви и заднината на целиот настан!
Убиството на Олег Свидиров од Русија кој беше убиен од Вјачеслав, неговиот најдобар пријател, затоа што ја силуваше неговата ќерка, доби нова димензија откако полицијата ги откри деталите за одмаздата.
Според информациите, Вјачеслав го убил Олег откако открил видеоматеријал во неговиот телефон, на кој се гледа како Олег ја силува неговата ќерка (8). Вјачеслав и Олег седеле на маса и пиеја додека таткото виде видео во кое Олег ја злоупотребува неговата ќерка. Бидејќи биле пријатели многу години, Олег се грижел за детето неколку пати, и најверојатно неговата ќерка била малтретирана секој пат, пренесува „The Sun“.
Полицијата ја испрашала и сопругата на Вјачеслав, која открила дека таа и нејзиниот сопруг му дале ултиматум на Олег да се предаде на полицијата до 8 часот навечер или да се самоубие. Сепак, подоцна истата вечер, Вјачеслав одлучи да се одмазди и го принудил својот поранешен најдобар пријател да оди со него во шумата и да земе лопата со него.
За време на истрагата во шумата бил пронајден гроб каде што Олег беше погребан со нож прободен во срцето. Полицијата потоа го уапси Вјачеслав и тој моментално е во домашен притвор, обвинет за извршување на тешко убиство.
Тој секогаш тврдел во полиција дека избила сериозна расправија меѓу нив во шумата, како и дека самиот Олег налетал на ножот за време на расправијата. Сепак, новите детали за злосторството не оставија никого рамнодушен. Вјачеслав насилно го одвел Олег во шумата, го натерал да го ископа сопствениот гроб, а потоа го прободел со нож во срцето, по што го фрлил телото во гробот и го погребал.
Во меѓувреме, полицијата откри повеќе вознемирувачки снимки во телефонот на Олег, на кои се гледа како тој злоупотребува најмалку три други деца. Извори блиски до случајот наведуваат дека во телефонот биле пронајдени снимки на кои се гледа како Олег силува две девојчиња, на возраст од 6 и 11 години.
Според снимките, може да се заклучи дека Олег ги злоупотребувал децата најмалку пет години пред Вјачеслав да ги најде снимките во неговиот телефон. Селаните, како и бројни руски државјани кои слушнале за случајот, бараат властите да го ослободат Вјачеслав и да не се покрене обвинение против него.
– Тој не е убиец, тој само го штитеше своето дете, но и нашите деца – рече еден селанец.