ДОЗНАЈТЕ ГИ МАРКЕТИНШКИТЕ ФИНТИ, НАУЧЕТЕ ДА КУПУВАТЕ 4 трикови на амбалажите на производите на кои сè уште наседнуваме
Ако сте запознаени со психологијата зад создавањето привлечни пакувања, веројатно ќе ви биде полесно да изберете поквалитетни производи кои ќе бидат во согласност со вашите приоритети. Подолу се дадени неколку стратегии и трикови што ги користат производителите и продавниците за да го привлечат вашето внимание.
Сигурно ви се случило да отидете во продавница со план за тоа што ви треба, а да се вратите дома со повеќе работи од првично планираните. Сигурно сте станале „жртва“ на маркетингот во трговскиот центар и под негово влијание сте купиле нешто што воопшто не ви било потребно. Не грижете се, не сте единствените, тоа им се случува на сите.
Причината за ова лежи во децениските маркетиншки истражувања и следењето на навиките на клиентите, што довело до развој на различни стратегии што ги користат производителите и продавниците и со кои производите и пакувањата нè наведуваат да ги земеме од полицата и да ги ставиме во нашата кошница, без разлика дали ни требаат или не. Можеби малку претеруваме, но тоа е поентата. Маркетингот стана научна дисциплина која ги насочува нашите одлуки како клиенти при изборот на производи.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.