ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА УБИЕЦОТ ОД КОЧАНИ На 46-годишната Танкица ѝ пресуди со 40 убоди со нож

Обвинетиот, на 25 септември минатата година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож.

488

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.

Обвинетиот, на 25 септември минатата година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож.






Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството.

Меѓутоа, тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

ГРОЗОМОРНО УБИСТВО ВО КОЧАНИ Ја избодел 40 пати, нејзините претходни пријави во полиција не ѝ помогнале

Поврзани содржини