Доживеав три мозочни и еден срцев удар, докторите ми рекоа дека имам уште 10 минути живот ФОТО

1,713

Американската пејачка и поранешна ѕвезда на „Дизни“ Деми Ловато (28) откри дека има оштетување на мозокот откако во 2018 година претрпела три мозочни удари и инфаркт откако се предозирала.

Ловато за своето предозирање зборувала во својата најава за својот нова документарна серија на Јутјуб насловена како „Танцувањето со ѓаволот“.






Деми Ловато проговори за својата тешка борба со зависноста од дрога и алкохол и нарушувањето на менталното здравје.

„Предозирањето ми предизвика оштетување на мозокот и до денес се справувам со последиците од тоа. Не возам автомобил затоа што има места во видното поле кои ми се слепи“, се исповеда Деми.

Таа откри дека лекарите ѝ рекла дека од смртта ја делеле 5-10 минути.

Сето тоа се случи откако во 2018 година, младата пејачка беше пронајдена во бесознание во нејзиниот дом, поради предозирање. Потоа беше итно префрлена во болница.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини