ДОЖИВЕАЛА СРЦЕВ УДАР Инфлуенсерка од Бразил почина по липосукција

395

Бразилска моделка и инфлуенсерка Луана Андраде почина по липосукција на коленото, пренесува „Дејли мејл“.

Дваесет и деветгодишна девојка починала во болница во Сао Паоло, а процедурата ја извршил приватен лекар ангажиран од нејзиното семејство.






„Скршен сум и го живеам мојот најлош кошмар. Еден дел од мене ме напушти“, напиша нејзиното момче Жоао Хадад на Инстаграм.

Според соопштението на болницата „Сао Луиз“, манекенката два и пол часа по операцијата доживеала срцев удар.

„Операцијата беше прекината и пациентката беше подложена на тестови кои открија голема тромбоза. Таа беше префрлена на интензивна нега, каде и е подложена на лекови и хемодинамски третман“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини