ДОЖИВЕАЛ МОЗОЧЕН УДАР НА ТРЕНИНГОТ Српскиот кошаркар Стеван Јеловац пренесен во болница
Атинскиот клуб се огласи и потврди дека српскиот кошаркар е во болница поради сериозен здравјствен проблем, односно поради мозочен удар.
Српскиот кошаркар Стеван Јеловац, кој го носи дресот на атински АЕК, доживеал мозочен удар додека тренирал заедно со своите клупски колеги.
Како што објавија српските медиуми, на Јеловац одеднаш му се слошило и тој веднаш бил пренесен во болница во Атина.
Кошаркарот морал да биде опериран, а сега се наоѓа во стабилна состојба, иако ситуацијата и натаму е сериозна.
Атинскиот клуб се огласи и потврди дека српскиот кошаркар е во болница поради сериозен здравјствен проблем, односно поради мозочен удар.