📷 ДОЖИВЕАЛ МОЗОЧЕН УДАР ДОДЕКА БИЛ НА СЛУЖБЕН ПАТ ВО УНГАРИЈА Македонски државјанин пренесен со полициски хеликоптер од Сегедин во Скопје

Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи во рок од 10 дена.

516

Македонски дражавјанин кој на 18 април доживеал мозочен удар додека бил на службен пат во Унгарија, денеска е успешно транспортиран на скопскиот клинички центар. По интервенција на Центарот за управување со кризи (ЦУК), за транспортот е искористе полицискиот хеликоптер Бел-412.

фото: МВР

 






„Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза”“ – информираа од Министерството за внатрешни работи.

Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.

Поврзани содржини