ДОЖИВЕА ВИСТИНСКИ ДЕБАКЛ, ПОДНЕСИ ОСТАВКА! Филипче под оган од ВМРО-ДПМНЕ

„Граѓаните, дури и во бастионот на СДСМ, им кажаа јасно не за нивните политики“, се наведува во реакцијата.

1,510

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение оцени дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, доживеал „целосен пораз“ на локалните избори и побара од него да поднесе оставка. Од партијата тврдат дека СДСМ изгубила во повеќе општини, меѓу кои и „бастионот Струмица“, а дека во Скопје не успеала да влезе ниту во вториот круг.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во главниот град партијата на Филипче се пласирала на четвртото место, зад ВМРО-ДПМНЕ, Влен и Левица, што во соопштението се опишува како „историски дебакл“.






„Граѓаните, дури и во бастионот на СДСМ, им кажаа јасно не за нивните политики“, се наведува во реакцијата, во која дополнително се посочува дека СДСМ освоила трето или четврто место во повеќе општини, меѓу кои Битола, Бутел, Карпош, Кисела Вода, Куманово и Скопје.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче, како и поранешниот партиски лидер Зоран Заев, за „безидејност и недостиг на проекти“, додавајќи дека резултатите од изборите ги „декласирале“.

Партијата наведува дека „единствениот потег што може да го направи Филипче за народот и за самата СДСМ е да си поднесе оставка“.

Поврзани содржини