ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе биде слаб до умерен, со променлив правец.
Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец.
Според прогнозата на УХМР, утринските минимални температури ќе се движат од -3 до 6 степени, додека дневните максимални ќе бидат од 4 до 12 степени Целзиусови. Најстудено ќе биде во Маврово и Крива Паланка, а најтопло во Гевгелија, Скопје и во Велес.
Во следните денови се очекува стабилно време со постепен пораст на температурите. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе биде слаб до умерен, со променлив правец.
Минималните температури ќе се движат од -5 до 4 степени, додека дневните максимални ќе бидат во постојан пораст, достигнувајќи од 16 до 20 степени кон средината на неделата.
Стабилното време без врнежи ќе продолжи и во Скопје, каде максималните дневни температури ќе се искачат до околу 20 степени Целзиусови.