ДОЖДОТ НЕМА ДА ЗАПРЕ И ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Денеска температурата до 12 степени

476

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали и ќе добие на интензитет во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.






Во Скопје ќе биде претежно облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

 

Во деновите за викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни и краткотрајно со услови за појава на грмежи. Постојната снежна покривка на помалите височини ќе се намалува. Особено во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер, со брзина од над 60 километри на час.

 

Поврзани содржини