ДОЖДОТ НЕ ГИ СПРЕЧИ Повеќе од 2000 жени ја истрчаа 10-тата Авицена женска трка

Повеќе од 2000 учеснички трчаа на дожд и ги разубавија Градскиот парк и Скопје.

386

Повеќе од 2000 жени трчаа денеска на 10. по ред Авицена женска трка што се одржа во Скопје.

Денешната 10. по ред, Авицена женска трка со над 2000 учеснички, што е 50% повеќе од очекуваното, е порака дека припадничките на понежниот пол се грижат за себе, за своето здравје и среќа. Горда сум дека го надминавме рекордот на заинтересирани жени од целата земја, кои докажаа дека динамиката се гради преку спорт. Испраќам порака до сите жени, во уште поголем број да се пријават и да земат учество на некои од наредните настани или наредната година на 11. издание на Авицена женска трка – изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.






Учесничките на оваа трка трчаа 3 километри, а стартот и целта на трката беа во Градскиот парк.

Прва до целта пристигна Весна Кираџиева за 12 минути и 22 секунди, второто место ѝ припадна на Бојана Наумовска со 12 минути и 35 секунди и на трето место се најде Вера Украдевска, која ја истрча патеката за 12 минути и 35 секунди.

По прогласувањето на најдобрите учеснички следуваше лотарија со извлекување стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на Авицена женска трка 2022.

Конечните резултати од овогодинешната Авицена женска трка може да се проследат на  tagtiming.mk.

Поврзани содржини