ДОЖДОТ ГО ИЗЛАДИ ЖЕШКИОТ СКОПСКИ АСФАЛТ Невреме го зафати главниот град
Нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, според прогнозата на УХМР, ќе се задржи до петок.
Скопје попладнево е зафатено од пороен дожд, ветер и грмотевици. Засега нема информации за причинета материјална штета.
Синоптичарите за денеска попладне најавија нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, според прогнозата на УХМР, ќе се задржи до петок.