ДОЖДОТ ГИ ДОИЗГАСНА СИТЕ ПОГОЛЕМИ ПОЖАРИ Од август во земјата имало 660 жаришта на отворено
Активни се неколку помали пожари со кои надлежните ќе се справуваат во текот на денешниот ден.
Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни се неколку помали пожари со кои надлежните ќе се справуваат во текот на денешниот ден.
Од 1 август до денес во Македонија беа регистрирани 660 пожари на отворен простор од кои 98 шумски и од кои повеќето се претворија во големи пожари тешки за гаснење.