ДОЖДОТ ЌЕ ЗАПРЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК ПОПЛАДНЕ Неделава ќе има постудени утра
Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нови врнежи повторно се очекуваат во петок кон крајот на денот.
Во текот на ноќта и утре претпадне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер ќе има во западните и во северозападните делови.
Најмногу дожд наврна на Попова Шапка и тоа 55 литри на метар квадратен.
Утре (понеделник) попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.