ДОЖДОТ ЌЕ СЕ ЗАСИЛУВА Еве какво време нѐ очекува до крајот на март

Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час, особено од четврток.

3,235

Под влијание на циклонска активност до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд.

Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час, особено од четврток.






– Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на квадратен метар – информира Управата за хидрометеоролошки работи.

До крајот на март и во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

„Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме“, соопшти УХМР.

Поврзани содржини