ДОЖДОТ ЌЕ ПОТРАЕ, ТЕМПЕРАТУРИ ДО 20 СТЕПЕНИ Времето ќе биде променливо цела недела
До крајот на оваа седмица локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, повеќе од 60 литри на квадратен метар.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 20 степени.
Во Скопје, се очекува променливо облачно време со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер со над 60 километри на час.
Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, повеќе од 60 литри на квадратен метар.