ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица
Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник во текот на ноќта и вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Стабилизирање на времето се очекува од средината на следната седмица.
Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од 2 до 16 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и в недела ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник во текот на ноќта и вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Стабилизирање на времето се очекува од средината на следната седмица.