ДОЖД, ВЕТЕР И МОЖНИ ГРМЕЖИ Нестабилно време нѐ очекува во Македонија

Умерен северозападен ветер, со засилувања долж Повардарието и услови за краткотрајни грмежи.

0

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималните утрински температури ќе се движат од -1 во Маврово до 6 во Гевгелија, а максималните дневни од 7 во Маврово и 17 Целзиусови степени во Гевгелија.






Во Скопје, облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 5 до 14 степени.

В петок нѐ очекува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 12 степени до 19 степени.

Според прогнозата на УХМР, сончево со мала до умерена локална облачност ќе имаме во сабота и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 11 степени до 18 степени.

Поврзани содржини