ДОЖД, СНЕГ И МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Пристигнува ладен бран, ќе биде бело и во градовите
Продор на ладен воздух од север носи снег и во пониските места, силен ветер и значителен пад на температурите.
Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои ги имаме во следните часови ќе се интензивираат, а снежната граница полека ќе се спушта па така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен а потоа и од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите во следните часови значително ќе опаѓаат и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.
Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.