ДОЖД ПО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Променливото време ќе се задржи и во следните денови

Во Скопје претпладне се очекува магла, а преку денот претежно облачно време со услови за повремени слаби врнежи од дожд и снег. Температурите во главниот град ќе бидат во интервал од -4 до 4 степени.

284

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Температурите ќе бидат во интервал од минимални -5 до максимални 9 степени.






Во Скопје претпладне се очекува магла, а преку денот претежно облачно време со услови за повремени слаби врнежи од дожд и снег. Температурите во главниот град ќе бидат во интервал од -4 до 4 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди.

По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

Поврзани содржини