ДОЖД ОД ДРОНОВИ ИСПОПАЃА ВО КИНЕСКИ ГРАД Луѓето бегаа, шоуто уништено

Ова не е прв пат дронови да врнат од небото. Во октомври 2018 година, 46 дронови паднаа од небото над пристаништето Викторија во Хонг Конг. Службениците во тоа време се сомневаа дека некој користел радио-сигнали од земја за да ги принуди да паднат, пишува South China Morning Post.

437

„Дожд“ од 200 дронови кои беа дел од летечко соѕвездие кое во сина формација требаше да заблеска на прославата во градот Женгжу ги остави луѓето да бегаат за да не бидат погодени, пишува Футуризам. Неверојатните гласини се дека конкурентска фирма сакала да го „преземе“ маневрот во небото со свои дронови, збунувајќи го нивниот навигациски систем со свои радио-трансмитери.

Видете го дождот.

 






Женгжу има 10 милиони жители и лесно е да се замисли турканицата која настанува на јавни настани и прослави од ваков тип.

– Сè повеќе беспилотни летала испопаѓаа – рече еден гледач за Вице. – Некои летаа многу далеку, а некои удираа по дрвјата.

Ова не е прв пат дронови да врнат од небото. Во октомври 2018 година, 46 дронови паднаа од небото над пристаништето Викторија во Хонг Конг. Службениците во тоа време се сомневаа дека некој користел радио-сигнали од земја за да ги принуди да паднат, пишува South China Morning Post.

Организаторот на шоуто ја пријавил фирмата за која сметал дека е виновна во полиција.

Поврзани содржини