Сензационални 67.627.341 денари им исплати на играчите на ВЛТ, Видеолотарија Касинос Австрија во август. Четири Супер милионер, 21 Милионер Џекпот и дури 2.191 Мини џекпот добивки ги радуваа играчите на видеолотариските терминали само во август оваа година.
– Секој месец е убав со добивки, но август беше фантастичен. Ова го покажуваат нашите финансиски показатели кои говорат дека само во август, Видеолотарија Касинос Австрија исплатила сензационални 67.627.341 денари на играчите на видеолотариските терминали. Звукот за Супер Милионер џекпот го слушнаа дури 4 среќни играчи кои заедно поделија 26.183.538 денари. Првата добивка Супер Милионер џекпот вредна 6.189.239 денари, беше освоена на 4 август 2024 во Скопје, втората вредна 7.701.929 денари е освоена на 14 август 2024 во Кривогаштани, третата во износ од 6.713.203 беше освоена на 20 август 2024 во Велес, а четвртата ја освои играч од Скопје кој на 26 август 2024 освои 5.579.167 денари – рекоа од Видеолотарија Касинос Австрија.
Во август имаше рекордни 21 Милионер Џекпот добитници кои заедно поделија 31.570.110 денари.
– Меѓу нив беше и среќната приказна на играч кој се охрабри да ја сподели и јавно. Горан Антиќ од Куманово, стана милионер благодарение на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој на 25 август освои Милионер џекпот вреден 1.782.101 денари – додаваат од Видеолотарија.
Збирниот износ на Мини џекпот добивката во август достигна 9.873.693 денари. Забавата продолжува и во септември.