ДОЖД, ГРМЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ НЕВРЕМЕ Метеоролозите предупредуваат за нестабилно време

Метеоролозите предупредуваат на дожд и грмежи, со можност за локално невреме и пад на температурите низ целата земја.

223

Времето утре низ целата земја ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. На одделни места ќе има и нестабилност со поројни врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 7 степени во Маврово до 13 степени во Гевгелија, додека максималните дневни од 14 степени во Маврово до 22 степени во Гевгелија.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од скопската котлина се можни услови за појава на невреме. Температурите ќе се движат од 13 до 22 степени.

Во вторник нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе бидат од 5 до 12 степени, а максималните дневни од 18 до 24 степени.

За среда, метеоролозите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од север. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува локален дожд. Утринските температури ќе бидат меѓу 4 и 12 степени, а дневните ќе се движат од 15 до 21 степен.

Поврзани содржини